Сопругата и агент на аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди, Ванда, која има 33 години и седум години е постара од играчот кој настапува за ПСЖ, откри дека има проблем со разликата во годините, па затоа се труди да му биде привлечна и секси на Мауро.
„Имам проблем, седум години сум постара од него и тоа се чувствува. Сакам да бидам секси, затоа објавувам такви фотографии на социјалните мрежи, а всушност се обидувам да го сокријам мојот карактер. Не знам зошто толку многу ме критикуваат. Знам дека нашиот живот од страна гледано не делува нормален, но ние сме млади родители кои водат едноставен живот“, изјави Ванда, која има пет деца, три со Макси Лопес, а две со Икарди.
Ванда е жена која е многу директна, што некогаш е проблем бидејќи во фудбалскиот свет е потребна дипломатија, особено при преговори со клубови.
„Во мојот карактер е да бидам директна. Повеќе ја сакам вистината отколку дипломатијата. Во фудбалот има многу некоректни работи, затоа е потребна дипломатија“, додава Ванда, која работи и како коментатор на една телевизиска емисија поврзана со фудбалот.
Можи е добар фудбалер ама дефинитивнио му фали ум кога ја зел оваа..