Ванда сега сака и еден син со Мауро Икарди!

Со аргентинското семејство Икарди никогаш не е здодевно, иако фудбалерот на ПСЖ ретко игра, тие често се присутни во медиумите поради „испадите“ на Ванда која е сопруга и менаџерка на Мауро Икарди.

Откако го ставија настрана скандалот со неверството на Икарди, сега Ванда и Мауро размислуваат за проширување на семејството, кое и сега е големо. Ванда е мајка на пет деца, од кои три сина се од Макси Лопес, а две ќерки од бракот со Икарди.

Ванда во снимка на Инстаграм, ја праша петгодишната ќерка Изабела што мисли, како би било да има едно мало братче.

„Мамо, луда ли си? Веќе сме пет деца“ – беше одговорот на најмладата членка на кланот Икарди, покрај сестрата Франческа и полубраќата Валентино, Константино и Бенедикто.

„Ако бевме три деца, ќе сакав уште две. Но, веќе сме петмина“ – додаде Изабела.

Останува да се види дали Мауро и Ванда ќе ја послушаат ќерката или ќе се обидат да формираат и сопствено трио од деца, а желбата им е да имаат и заеднички син.

- Оглас -

Најнови вести