Ванда: Секогаш ќе бидам за Ривер, но честитки за титулата за Бока! (Фото)

Контроверзната Ванда Нара, која е сопруга и менаџерка на фудбалерот Мауро Икарди, испрати честитка до Бока јуниорс за титулата во Аргентина, иако Ванда за себе вели дека е голема навивачка на Риовер плејт.

Фановите на Ривер тешко може да го проголтаат фактот дека нивниот тим и голманот Армани со одбранет пенал одиграа лесно и помогнаа лутиот ривал Бока да стане шампион, но Ванда нема таков проблем.

„Засекогаш ќе бидам за Ривер, но еден дел од мене е жолто-син. Честитки“ – порача Ванда.

Инаку, Мауро Икарди во Аргентина навива за Њуелс Олд бојс.

- Оглас -

Најнови вести