Повеќе од една година трае сагата околу љубовната врска меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара. Често време се караа, па се смируваа, а за време на Мундијалот во Катар заедно постираа фотографии како уживаат на одмор на Малдиви.
Сепак, веројатно дека овие двајца повторно се скарани посебно по реакциите и постовите кои Ванда ги објавува на социјалните мрежи. Атрактивната фудбалска менаџерка прво постираше видео како ужива со своите деца за време на божиќните празници, и тоа играјќи фудбал на Плејстејшн со репрезентацијата на Македонија.
Веднаш по тоа видео, следуваше и фото кое воопшто нема да му се допадне на Икарди. Ванда објави фотографија од моментот на кој се гледа дека разговара со својот поранешен маж, Макси Лопес.
Лопес и Икарди беа одлични пријатели, но откако Мауро „му ја украде“ Ванда на Макси, нивното пријателство згасна. И Ванда беше во лоши односи со Лопес, но најверојатно работите одат во друг правец. На фотографијата која ја постираше, Ванда ужива со чаша вино во рака, а на Макси Лопес му праќа порака „Среќен Божиќ. Те чекаме дома следната година“.
Ванда Нара има три деца заедно со Макси Лопес, а од бракот со Мауро Икарди има уште две деца.