Вандали му испратија порака на Погба (фото)

На таблата која стои пред тренинг центарот „Керингтон“ на Манчестер јунајтед, вандали со спреј напишаа „Погба аут“, порака која јасно кажува дека навивачите на клубот повеќе немаат верба во Пол Погба и му порачуваат да си замине.

Вандализмот ја отсликува фрустрацијата на фановите, кои сметаат дека токму Французинот им пречи на Црвените ѓаволи да воспостават стабилност.

Сега на потег е Погба. Дали тој оваа порака ќе ја сфати и во последните денови од преодниот рок ќе си ги собере куферите и ќе го напушти „Олд трафорд“, или пак ќе му делува како мотивација да вложи повеќе труд и да му помогне на тимот да се врати на старите славни патеки.

Треба да се знае дека оваа ситуација будно ја следи Реал Мадрид и можеби сега е моментот повторно да атакуваат на потписот на светскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести