Ванеса Брајант првпат се огласи по несреќата: Невозможно е да го замислам животот без нив

Четири дена по трагичната несреќа во која животот го загубија Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиџи, на инстаграм-профилот се огласи сопругата на легендарниот кошаркар, Ванеса. Во трогателната порака таа порача дека едноставно не знае како ќе го замисли животот без Коби и Џиџи. На Ванеса сега ѝ останува должност да се грижи за останатите три ќерки.

„Девојките и јас сакаме да се заблагодариме на милиони од вас кои ни дадовте поддршка и љубов во ова ужасно време. Ви благодариме за вашите молитви. Дефинитивно ни се потребни. Потиштени сме од ненадејната загуба на мојот драг сопруг Коби, прекрасен татко на нашите деца и на мојата преслатка Џана, прекрасна сестра на Наталија, Бјанка и Капри. Жалиме и за сите останати семејства кои ги загубија своите сакани во неделата и ја делиме нивната тага. Немам зборови со кои можам да ја опишам болката. Ме теши тоа што знам дека Коби и Џиџи знаеја колку беа сакани. Неверојатно сме благодарни што ги имавме во нашите животи. Би сакала да се тука засекогаш со нас. Не знам што носат нашите животи по оваа трагедија, но невозможно е да го замислам животот без нив. Сепак, се будиме секое утро и се обидуваме да одиме напред бидејќи Коби и Џиџи ни го осветлуваат патот. Нашата љубов е бескрајна и немерлива. Благодарам што ја делите својата радост, тага и поддршка со нас“, напиша Ванеса на „Инстаграм“.

Ванеса ја смени и профилната фотографија на својот профил, па таму сега место има за една од најубавите фотографии на кои се Коби и Џиџи.

https://www.instagram.com/p/B77K8XWDY7O/?utm_source=ig_web_copy_link

 

- Оглас -

Најнови вести