Сопругата на покојната НБА-легенда Коби Врајант, Ванеса, реши да си направи тетоважа на која го пишува текстот од последната порака која ја добила од сопругот и ќерката Џана пред да загинат во хеликоптерска несреќа.
Кон крајот на јануари, светот беше во шок кога дозна за трагичната смрт на Коби Брајант, на разни начини му се оддава почит, а трагедијата во семејството беше уште поголема затоа што со него животот го загуби и 13-годишната ќерка која ја викаа Џиџи и која исто така играше кошарка.
Тату-артистот Нико Хуртадо објави дека е почестен што можел да истетовира нешто посебно. Засега не е објавено каква била пораката која си ја истетовира Ванеса Брајант. Станува збор за ситни букви кои ќе стојат во пределот од рамото кон вратот. Пред тоа, 38-годишната Ванеса на зглобот од раката си истетовира текст „Моја Џиџи“ и срце. Џиџи требаше да заврши осмо одделение, но, за жал, судбината си поигра.