ВАР доаѓа и во Лигата на шампионите и на Евро 2020

ВАР-технологијата ќе се употребува во Лигата на шампионите од сезоната 2019/20, како и во Лигата на Европа од сезоната 2020/21. Оваа информација ја потврди и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. Покрај европскиот клупски шампионат, ВАР ќе асистира и на Европското првенство во 2020 година. Исто така, се предвидува да им помага на судиите и за време на финалните мечеви во Лигата на нациите.

„Постапивме доста самоуревено во одлуката да се вметне ВАР како помагател на арбитрите за следната сезона. Судиите ќе имаат доволно време да се привикнат на користењето“, истакна Чеферин.

Видеоасистентот за прв пат на клупско натпреварување на УЕФА ќе се употреби на Суперкупот 2019. Технологијата успешно се искористи за време на Мундијалот во Русија, каде што помогна да се коригираат доста одлуки околу голови, картони, пенали.

- Оглас -

Најнови вести