ВАР драма на „Гудисон парк“, беше ли оштетен Евертон против Манчестер јунајтед? (Видео)

Навивачите на Евертон со свирежи ги испратија судиите после мечот со Манчестер јунајтед, бидејќи во последните моменти го поништија досудениот пенал, и ги оставија Карамелите без шанса на крај сепак да дојдат до победа во мечот на кој водеа 2-0, но мораа да се задоволат само со бод.

Во 94-тата минута, Мегваер и Де Лихт го повлекоа Ешли Јанг за дресот, а ветеранот не падна во прв момент, туку малку подоцна, и затоа судијата по прегледување на снимка ја смени одлуката и го поништи досудениот пенал.

Но, многумина сметаат дека ова е чист пенал и дека влечење за дрес е доволно за да се покаже на белата точка без разлика дали фаулираниот играч паднал веднаш или подоцна.

- Оглас -

Најнови вести