ВАР е новата маќеа на „малите“ екипи (Фото + Видео)

ВАР-системот, или начинот којшто судиите го користат, станува нова фудбалска маќеа за таканаречените мали екипи и повторно се најде начин да им се помогне на фаворитите.

Класичен пример за лоши одлуки на судиите дури и со помош на ВАР-системот, или модерната технологија за прегледување на спорните моменти, беа две секвенци од дуелот во Ла Лига меѓу Леванте и Реал Мадрид.

Најпрво судијата Иглесијас Вилануева не доби никакви инструкции од ВАР-собата за да го провери очигледниот старт за пенал на Карвахал над капитенот на Леванте, Хозе Моралес, во ситуација кога напаѓачот на домаќините одлично се загради и имаше ситуација за гол. Бекот на Реал Мадрид направи фаул што е очигледен и одлично се гледа на повторена снимка, можност што не ја искористи судијата Вилануева и што е уште полошо не доби такви инструкции од луѓето задолжени за ВАР-системот.

Погледнете ја првата спорна ситуација.

Потоа имаше пенал за Реал Мадрид по играњето со рака на Енис Барди и тука немаше ништо спорно, но повторно голема грешка на штета на Леванте се случи во 77-мата минута. Дукуре замавна со ногата, но го утна Каземиро, а по консултацијата со колегите од ВАР-собата, Вилануева покажа по вторпат на белата точка за гостите од Мадрид.

Погледнете ја и втората спорна ситуација.

https://twitter.com/teleshkronja/status/1099786324582846465

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести