Ливерпул поведе во 69-тата минута против Челзи со голот на Жоел Матип, но потоа голот беше поништен од судијата Стјуарт Атвел и со помош на ВАР-системот.
Колку модерната технлогија е добра кога правилно се применува, покажа и овој случај. Вирџил ван Дајк направи фаул над Рис Џејмс, што тешко се гледа со голо око.
Во продолжение на акцијата, Садио Мане му асистираше на Матип за водечки гол на Ливерпул, но беше правилно поништен поради фаулот на Ван Дајк.
Моментот од 69-тата минута можете да го погледнете ОВДЕ.
Во финалето на Лига купот во Англија сè уште нема голови по 80 минути игра, а ако остане нерешено во регуларниот дел, ќе се играат продолженија, па потоа би имало и пенали, ако нема победник и по 120 минути игра.