ВАР го спасуваше Интер, кој минимално ја победи Венеција (Видео)

Еден гол му беше доволен на Интер за победа од 1-0 над Венеција, по што актуелниот италијански првак се приближи само на еден бод негатива во однос на првопласираниот Наполи.

Битката за врвот во италијанската Серија А е интересна, разликата од првиот до петтиот е само четири бода, а утре може да се случи и шести тим да се приклучи во таа група, во која се екипи од 21 до 25 бода.

Голот за победа на Интер го постигна Лаутаро Мартинес во 65-тата минута, кога само се поклони и не можеше да промаши по идеалното нафрлување на Димарко.

Претходно во првото полувреме, Венеција имаше стоотстотна шанса, но Јан Зомер имаше чудесна одбрана.

https://twitter.com/i/status/1853181651800527139

Во 98-мата минута, Шверко од Венеција даде гол за 1-1, Интер беше шокиран, но по прегледување на снимка, голот беше поништен поради игра со рака и домашните сепак освоија три бода.

- Оглас -

Најнови вести