0.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

ВАР му асистираше на Халанд за првпат да постигне гол на „Бернабеу“

Реал Мадрид и Манчестер сити го оправадаа епитетот дерби на денот во Лигата на шампионите, го играат најинтересниот и најефикасен меч од тие што започнаа во 21 часот.

Родриго, кој е „пеницилин“ за Сити, даде гол по пауза дури од 32 меча без погодок (претходниот гол му беше на 4 март) и му донесе предност на Кралскиот клуб, но само 15 минути подоцна семафорот покажуваше 2-1 за гостите од Англија.

Најпрвин Нико О‘Рајли го постигна својот прв гол во кариерата во ЛШ, а потоа Ерлинг Халанд даде гол од пенал за пресврт. Инаку пеналот беше досуден по интервенција од ВАР-собата, од каде што имаа две одлуки на штета на Реал во првото полувреме. Халанд има 51 гол на 50 старта во ЛШ, а ова му е прв на „Бернабеу“ во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести