ВАР му помогна на Јуве, па Старата дама во 91-ва минута ја расплака Фиорентина (Видео)

Хуан Квадрадо во гол во 91-ва минута, му донесе голема победа од 1-0 на Јувентус во дуелот со Фиорентина. Погодокот на Колумбиецот го спаси тренерот Масимилијано Алегри од уште поголеми критики.

Виолетовите имаат причини да жалат што не освоија бод. Во финишот на првото полувреме, Данило играше со рака во својот 16-ник, но судијата не досуди пенал за Фиорентина, дури и откако ситуацијата беше разгледувана во ВАР собата. Во 73-та минута, беше исклучен Миленковиќ, па Јуве со човек повеќе на теренот почна да напаѓа, и најпрвин безуспешно, пред Квадрадо да ја погоди целта и да ја прекине низата од три лигашки меча по ред без победа. Фиорентина со 8 исклучени играчи е италијански рекордер по број на црвени картони во 2021 година.

Ова е спорниот момент кога топката го удри Данило во рака, но судиите не мислеа дека ова е пенал:

- Оглас -

Најнови вести