4.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

ВАР му поништи два гола на Челзи, па Кунде си постигна автогол, шок за Сити и Јувентус во првото полувреме (Видео)

Челзи има водство од 1-0 против Барселона во дерби-дуелот на вечерната понуда во Лигата на шампионите. Она што е интересно, Сините од Лондон во првите 45 минути постигнаа три гола, но ВАР ги поништи првите два, и тоа двапати на Енцо Фернандес, а и во двете ситуации Аргентинецот не беше виновен, туку неговите соиграчи.

Сепак, Челзи во 27-мата минута дојде во водство од 1-0, но овојпат благодарение на фудбалерите на Барселона бидејќи Жул Кунде си постигна комичен автогол.

За да бидат проблемите за Барселона и Ханси Флик уште поголеми, се погрижи Роналд Араухо, кој беше исклучен во 44-тата минута поради втор жолт картон.

Манчестер сити има негатива од 0-1 на домашен терен против Баер Леверкузен откако Алехандро Грималдо во 23-тата минута успеа да го пронајде патот до мрежата на „Трафорд“.

На два меча нема голови по првите 45 минути, а негатива има и Јувентус на гостувањето кај Бодо/Глимт.

Резултати – полувреме:

Бодо/Глимт – Јувентус 1-0
Челзи – Барселона 1-0
Борусија Дортмунд – Виљареал 1-0
Манчестер сити – Баер Леверкузен 0-1
Марсеј – Њукасл 0-1
Наполи – Карабаг 0-0
Славија Прага – Атлетик Билбао 0-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести