Порто успеа да се врати од негативата од 2-1 по првиот дуел против Рома, па со конечни 3-1 на домашен терен славеше против „римската волчица“. На португалскиот првак му беа потребни дополнителни 30 минути за пласман во четвртфиналето, откако во регуларните 90 резултатот беше израмнет во вкупен учинок со 3-3, а како и на мечот во Париз, ВАР-технологијата одигра голема улога.
Се играше 15-тата минута од продолженијата кога главниот арбитер Чакир одлучи да провери еден сомнителен момент кој се случи во шеснаесетникот на Рома. Флоренци го повлече за дрес противнички играч во казнената зона, а по долга проверка. беше доделен пенал за Порто, кој го реализираше Алекс Телеш.
Во регуларниот дел, Порто поведе преку Соарес во 26-тата минута, а потоа Де Роси израмни од белата точка во 37-та минута. Домаќините одново стигнаа до предност во 52-рата минута преку Марега, гол кој одлучи да се играат продолженија.
https://www.dailymotion.com/video/x73myct