ВАР не дава пенал против Реал, Леганес со него можеше да се спаси (видео)

Леганес следната сезона ќе игра во Втората шпанска лига откако испаднаа од елитата заедно со Мајорка и Еспањол. Потребна беше победа во последното коло против шампионот Реал Мадрид за Леганес да се избори за опстанок, но ремизира при конечни 2-2.

Домаќините на двапати анулираа водство на Кралевите, а во 85-тата минута се случи спорна ситуација која лесно можеше да се пресуди во полза на Леганес. При корнер, нафрлената топка удри во лактот на Лука Јовиќ, меѓутоа судијата Гиљерме Квадра не досуди пенал за Леганес иако ситуацијата неколкупати се прегледуваше во ВАР-собата.

https://streamable.com/69wduw

- Оглас -

Најнови вести