ВАР одлука предизвика реакции во Премиерлигата, на Челзи му е поништен регуларен гол? (Фото+Видео)

Каи Хаверц даде гол за Челзи во дербито против Ливерпул, но погодокот беше поништен поради офсајд, но одлуката на ВАР за многумина е спорна.

Сините изведоа корнер, топката дојде до Бадиашил, кој му асистираше на Тијаго Силва, а Бразилецот од неколку метри не постигна гол. Тука немаше ништо спорно.

Но, одбиената топка по шутот на Силва, дојде до Хаверц кој е веднаш зад Силва, и Германецот даде гол. Едната нога на Хаверц е пред топката и токму тој момент ја прави спорна ситуацијата и ја оспорува одлуката на судиите.

Хаверц е зад топката во моментот на шут на Силва, но не целосно, и затоа одлуката разви дебати дали голот е оправдано поништен.

- Оглас -

Најнови вести