Македонската фудбалска репрезентација води со 1:0 против Украина и тоа благодарение на погодокот на Енис Барди од пенал во 31 минута. Од почетокот на мечот, Македонија е подобар тим на теренот.
Тоа го поажуваат и петте изведени корнери, а токму по петиот удар од аголот, еден од фудбалерите на Украина играше со рака во својот шеснаесетник, но судијата не го виде тоа.
Нашите репрезентативци реагираа, се јавија од ВАР собата и беше потврдено дека треба да има удар од белата точка. Енис Барди се покажа како сигурен реализатор за голема радост на повеќе од 15.000 навивачи на арената „Тодор Проески“.