Пред една недела, во Реал Мадрид се жалеа зошто судијата не гледаше забавена снимка од спорната ситуација кога над Винисиус имаше прекршок за пенал при 1-0 за Реал Сосиедад, а вечерва и со асистенција на собата за ВАР, беше признат нерегуларен гол со кој Бетис изедначи на 1-1.
Шпански архитект направи компјутерска пресметка на ситуацијата по која на Бетис му беше признат гол откако главниот судија Ернандес Ернандес доби таква сугестија од судиите во собата на ВАР. Според нацртаните линии на архитектот Начо Телјадо, пресметано е дека стрелецот на голот Серхио Каналес бил во офсајд од 10 сантиметри.
„Рамото на Каналес е понапред. Во ВАР собата се водат според линиите на тревата. Каналес е во офсајд од 10 сантиметри“, објасни архитектот.