Набил Бенталеб со два гола од пенал во 38-мата и во 45-тата минута направи комплетен пресврт на „Ауф Шалке арената“, а повторно ВАР-системот беше во главната улога.
Николас Отаменди играше со рака, но судијата Дел Серо од Шпанија по консултација со колегите во ВАР-собата, одлучи да досуди пенал за Шалке.
Бенталеб беше прецизен од белата точка и ја анулира предноста на Манчестер сити со голот на Кун Агуеро од 18-тата минута. Само 7 минути подоцна, повторно имаше пенал и повторно за домаќинот, а Бенталеб пак го измами Едерсон за пресврт и предност на Шалке 04 од 2-1.
https://www.youtube.com/watch?v=o8KKEIaihOA