Тотенхем ги разочара своите навивачи, откако во Лондон одигра само 1:1 против последнопласираниот Ватфорд. Домаќините долго време беа во негатива, но во 86 минута Деле Али погоди за 1:1. Судијата побара помош од ВАР системот да види дали ситуацијата е регуларна.
Во тој момент на големиот семафор се појави информација дека ВАР системот вели дека НЕ е гол, но судијата веднаш покажа на центарот и го призна погодокот. Сите беа збунети, а гостите протестираа, како може погодокот да биде признаен, а ВАР системот вели дека не е погодок.
Подоцна стигна и објаснувањето дека се работи за „техничка грешка“ и дека требало да стои дека е ГОЛ, а не дека НЕ е гол. И на самата ситуација се гледа дека Али игра со рамото при обидот да ја исконтролира топката пред да постигне погодок.