Борусија Дортмунд славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф благодарение на супер-замената Ерлинг Халанд. Норвешката гол-машина по два меча пауза се врати на терените и по поминати половина час на теренот успеа да реализира за победа на гостите и тоа во петтата минута од судиското надополнување.
https://www.youtube.com/watch?v=XxItGF3qk9Y&feature=youtu.be
Неколку минути по влегувањето на Халанд, ВАР-технологијата за малку ќе ја одзедеше победата на Милионерите по поништувањето на голот на Гереиро во 65-тата минута, надовно Португалецот играл со рака пред да ја затресе мрежата.
Во ВАР-собата неколкупати се прегледуваше снимката, а судијата Стегеман на крајот досуди игра со рака, иако јасно се гледа дека одбиената топка од ударот на Халанд заврши во рамото на Гереиро. На бекот при тоа раката му беше залепена до телото и никако намерно не го смени правецот на топката, таа се најде пред него и продолжи да игра, односно шутираше и даде гол.
https://twitter.com/PointsBetUSA/status/1271819567547863041
Останати резултати од 31-то коло во Бундеслигата:
Келн 1-2 Унион Берлин
Херта 1-4 Ајнтрахт Франкфурт
Падерборн 1-5 Вердер Бремен
Волфсбург 2-2 Фрајбург