0.8 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

ВАР-селона? Мбапе даде гол, ВАР вели – многу мал офсајд (Видео)

Видео технологијата на почетокот на Ел Класико не е „на страната“ на Реал Мадрид. Откако беше отповикан пеналот над Винисиус јуниор, ВАР-системот не го призна и голот на Килијан Мбапе во 12-тата минута.

Асот на Реал Мадрид постигна гол со силен и прецизен удар од 25 метри, а потоа на сцена стапи ВАР проверката.

Беше увидено дека Мбапе бил во многу мал офсајд, во моментот кога топката е упатена кон него.

- Оглас -

Најнови вести