Некогашниот репрезетативец на Шпанија, Јаго Аспас ги загуби нервите и тоа поради ВАР системот. Селта во Виго играше со Севиља, а на крајот мечот заврши 1:1. Домаќините водеа со голот на Старфелт во 22 минута, а Севиља израмни во 84 минута преку Ел Несири.
Тој гол на Ел Несири беше најава за Селта да тргне многу поофанзивно во финишот во обид да стигне до трите бода, па судијата досуди пенал за домаќините. Сепак, оваа одлука беше поништена од судиите кои беа во ВАР собата, што беше најава за негодувања кај домашните фудбалери.
Најжесток беше искусниот 36-годишен Аспас кој со двете раце го фати ВАР мониторот и буквално го фрли на земја, покажувајќи колку ја цени и сака оваа нова технологија која од пред неколку години се воведе во фудбалот.
É o mellor pic.twitter.com/CoOPvZLAf1
— sergio.fv (@sergiorccv1923) November 4, 2023