Реал Мадрид губи со 0:2 по неполни 20 минути на свој терен од Леванте. Во тимот на гостите е и нашиот репрезентативец Енис Барди. Леванте ги искористи двете шанси кои ги доби и реализираше за изненадувачка предност од два гола на „Сантијаго Бернабеу“.
Најпрво Моралес ја искористи несмасноста на Варан и погоди за 1:0 во 6 минута. Веќе во 13 минута беше 0:2, а Варан повторно беше виновникот. Францускиот репрезентативец играше со рака, а судијата по консултација со арбитрите во ВАР собата, покажа на белата точка.
Видео технологијата помогна за Леванте да стигне до 2:0, а веќе во 18 минута повторно мораше да се гледа повторена снимка. Асенсио даде гол за намалување на 1:2, беше покажано на центар, но по консултации и помошта од ВАР системот, погодокот на Реал беше поништен.