5.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

ВАР-системот има нов детаљ кој веднаш ја реши дилемата, преземена е помош од еден друг спорт (Видео)

Белгија загуби од Словачка со 0:1, иако фаворитот постигна два гола на овој меч. Двата погодоци на белгиската селекција беа поништени по сиганлизација на ВАР-системот.

Посебно интересен беше моментот во 88-мата минута, кога Лиос Опенда додаде со Ромелу Лукаку, а овој постигна погодок, кој подоцна беше поништен, и тоа поради играње со рака на асистентот на голот.

Главниот судија Умут Мелер ја гледаше ВАР-снимката, која првпат покажа еден досега непознат детаљ, кој многу потсетува на ЕКГ. Во топките кои се користат на ЕП има вградено микрочип со сензор кој детално го следи и го регистрира секој допир, а податоците се испишуваат во вид на линија.

Во моментот кога Опенда ја допре топката со рака, линијата престана да биде рамна.

Новата технологија се нарекува сникометар, што е систем кој се користи во крикетот за одредување дали топката ја погодила палката за потенцијално исфрлање. На ЕП синоќа првпат беше емитирана графиката која открива допир на топката со рака.

- Оглас -

Најнови вести