8.8 C
Skopje
петок, 19 септември 2025

ВАР системот ја спаси Хрватска, Бугарија не успеа да го победи Луксембург (Видео)

Репрезентацијата на Хрватска многу потешко од очекуваното дојде до победата над Шкотска на домашен терен со 2-1. Шкотите во 94-тата минута го израмнија резултатот на 2-2, но ВАР-системот го поништи голот на Адамс поради офсајд.

Шкотска дојде во водство во 33-тата минута преку Кристи, кој ја искористи грешката на домашната одбрана и најдобро се снајде во хрватскиот шеснаесетник за студен туш на „Максимир“.

Само три минути подоцна, Хрватска преку Матановиќ успеа да израмни на 1-1, а Крамариќ во 70-тата минута ја донесе победата за „коцкестите“.

Репрезентацијата на Бугарија се посрамоти на домашен терен и не успеа да го победи Луксембург, откако мечот заврши без голови, 0-0.

- Оглас -

Најнови вести