Oвластувањата на ВАР-судиите на Светското првенство во 2026 година можно е да се прошират, при што ФИФА ќе добие специјално одобрение за тоа.
Високи функционери на ФИФА инсистираат системот ВАР да може да се вмешува во ситуации кога е неправилно досуден корнер. Исто така, тие сакаат судиите да имаат право да прегледуваат втор жолт картон за да потврдат дали исклучувањето на играчот е правилно досудено.
Целта на раководството на Светската фудбалска организацијата е судиските одлуки на Светското првенство да бидат што е можно попрецизни.
Дополнително, на тековниот турнир Куп на Арапските нации се тестира ново правило насочено кон борбата со играчи кои симулираат повреди.
На турнирот во Катар, играч кој добива медицинска помош поради повреда треба да го напушти теренот за две минути, освен ако играчот кој го фаулирал не добил жолт или црвен картон.

