5.8 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

ВАР-системот во Шпанија направил десет грешки, најмногу профитирале Барселона и Атлетико

ов скандал ја тресе Шпанија, откако анализата на одлуките на ВАР-системот на 51 меч утврди дека биле направени дури десет грешки. Најмногу од овие погрешни одлуки профитирале Барселона и Атлетико Мадрид, додека најоштетен бил Реал Мадрид.

Ова само ги подгрева обвинувањата од раководството на „кралевите“ дека лошите резултати на клубот се пред се поради погрешните одлуки на судиите и отворената војна која ја водат против нив.

Анализата ќе предизвика нови обвинувања меѓу вечните ривали во Шпанија, а напнатоста за судиските одлуки трае веќе неколку години, а кулминираше со случајот Негреира, во кој „каталонците“ беа обвинети дека имале влијание врз одредени судии.

 

- Оглас -

Најнови вести