Динамо Загреб киксира во петтото коло на хрватското првенство откако одигра само 2:2 на гости кај Вараждин. Динамо водеше со 1:0, потоа губеше со 2:1, а со гол во 90+5 минута се спаси од пораз.
Сепак, текот на мечот можеше да биде сосема поинаков ако беше признаен голот на Динамо во 56-тата минута, кој ќе беше за водство на Модрите од 2:1. Судиите голот го поништија поради офсајд, но по разгледување на Судиската комисија, утврдено е дека е направена грешка, и тоа од страна на ВАР-системот. Голот на Динамо требало да биде признат, а во образложението на комисијата стои:
„Откако беше изведен директен слободен удар, напаѓачот на Динамо број 26 постигна гол, но земајќи ја предвид позицијата на напаѓачот, помошниот судија сметаше дека напаѓачот кој го постигнал голот бил во офсајд. Како и во секоја ситуација кога се постигнува гол, ВАР анализира две работи:
– дали станува збор за офсајд – дали напаѓачката екипа направила прекршок пред голот.
Во врска со комуникацијата во ВАР-собата (VOR), ВАР утврди дека немало офсајд во моментот кога бил постигнат голот, но ВАР не можел да ја провери фазата на напад (APP – потенцијален прекршок) поради прекин на електричната енергија.
Според видеото од ВАР-собата (VOR), веруваме дека ВАР направил грешка и требало да ја поништи одлуката на помошникот судија и да му додели гол на гостинската екипа.“