ВАР-технологијата ќе дебитира во Скопје на 26 март

Натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово закажан за 26 март, на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе биде историски бидејќи за прпват ќе се применува видеотехнологијата за евентуалните спорни моменти. Популарниот ВАР засега го нема во нашата прва лига, но на значајниот меч на националниот тим и тоа ќе се случи.

Македонија на 25 март 2020 дома го игра полуфиналето од Лигата Д од Лигата на нации против Косово и ако победи, пет дена подоцна во финалето гостува кај Белорусија или Грузија во клучниот меч за пласман на Европското првенство.

Со употребата на ВАР може да бидеме сигурни дека нема да примиме некој нерегуларен гол, па целата работа останува во нозете на фудбалерите кои ќе истрчаат на теренот. УЕФА препорача да има ВАР и во квалификациите за Светското првенство 2022 година, но за потврда ќе треба дозвола и од Светската федерација ФИФА. Значи, ВАР почесто ќе го имаме и во нашата земја, најпрвин на стадионите кои ги исполнуваат европските критериуми, подоцна можеби и на останатите терени.

- Оглас -

Најнови вести