ВАР технологијата му помогна на Лестер да направи пресврт против Тотенхем

Видео технологијата во Премиерлигата ја покажа својата моќ на натпреварот помеѓу Лестер и Тотенхем. Домашните победија со 2-1, благодарение на пресвртот во второто полувреме.

Клучен момент беше поништениот гол со помош на ВАР. Гостите имаа водство од 1-0, кога на Орие му беше поништен погодок за 2-0, затоа што во почетокот на акцијата, Кореецот Сон бил во офсајд. Како измерија судиите дека Сон е во офсајд позиција само тие си знаат, но оваа одлука имаше големо влијание.

Поништениот гол делуваше демотивирачки за лондонските „петли“, а психолошки ветер во грб за „лисиците“ кои со головите на Переира и Медисон, направија пресврт и ги освоја трите бода. Со оваа победа, Лестер привремено изби на второто место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести