ВАР за едни е мајка, за други е маќеа: Манчестер сити дојде до сомнително израмнување а за слична ситуација Арсенал не доби пенал (ФОТО)

Манчестер сити израмни на 1:1 против Арсенал со голот на Ријад Марез во 57-та минута.

Фудбалерот на гостите постигна гол од сомнително досуден пенал.

Главниот судија по преглед на ВАР, одлучи да досуди пенал, што наиде на големо негодување кај домаќините.

Во првото полувреме, Мартин Одегард, падна по еден дуел со Едерсон, каде што голманот на гостите го удри играчот на Арсенал, а и по преглед на ВАР-от, одлуката не беше променета.

Да биде уште полошо за Арсенал, Габриел доби два жолти картони во две минути и мораше да замине во соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести