Варан ги одработува последните денови како играч на Реал Мадрид

Реал Мадрид и Манчестер јунајтед се договорија на сума од 50 милиони фунти за Рафаел Варан да се пресели на „Олд Трафорд“. Францускиот стопер ги одработува последните денови во белиот дрес со оглед на тоа дека веќе ги договори личните услови за преселбата на Островот.

Шпанските медиуми тврдат дека Варан деновиве темелно ја простудирал одбранбената стратегија на Оле Гунар Солскјер, а воедно резервирал билет за пат кон Манчестер.

До крајот на оваа недела трансферот би требало да се комплетира, па Варан да стане второ големо засилување на Ѓаволите по Џејдон Санчо.

- Оглас -

Најнови вести