Варан: Манчестер јунајтед не беше за мене

Поранешниот француски фудбалер Рафаел Варан откри кога знаел дека мора да престане да игра фудбал, а сподели повеќе и за неговата последна сезона во Манчестер јунајтед пред да се пресели во Комо.

„Се надевав дека ќе продолжам да играм, но кога ја добив првата повреда на 11 јули, знаев дека е готово“, изјави Варан за францускиот весник „Екип“.

„Го знаев тоа, не беше сериозен проблем, но тоа што повредата беше во моето лево колено, беше знак. Левото колено мораше да го компензира десното уште од 2013 година и благодарение на тоа, успеав да најдам рамнотежа. Значи, ако левото колено ви каже дека е уморно од носење на товарот, мора да го слушнете“, објасни 31-годишниот Варан.

Тој ја заврши својата играчка кариера, но сака да биде дел од проектот Комо заедно со тренерот Сеск Фабрегас.

„Мојата иднина ќе биде во Комо. Имам уште што да му дадам на фудбалот. Барам креативност и слобода, а не роботски и секогаш избалансирани движења. Тренерот кој ви дава најголема слобода да се движите и да творите е Карло Анчелоти, а не како новите генерации тренери“, додаде Варан, а се осврна и на авантурата во Манчестер.

„На почетокот на мојата последна сезона во Манчестер јунајтед реков дека би сакал да ја завршам кариерата таму, но тоа не се случи. Искуството во Манчестер јунајтед го завршив со победа во Купот, но и тогаш знаев дека тој проект не е за мене“, рече Варан.

- Оглас -

Најнови вести