Ракометната репрезентација на Македонија на претстојното Светско првенство ќе биде во групата Д, која ќе се игра во Вараждин. Ова ќе биде третпат на големо натпреварување да играме во овој хрватски град, кој е во одлични сеќавања на македонските навивачи.
Од првиот шешир наш противник ќе биде селекцијата на Унгарија, која од претходно беше распоредена во оваа група од страна на домаќинот, додека од вториот шешир ждрепката посака повторно да играме против Холандија во групната фаза, како и на претходното Светско првенство во Полска.
Она што е интересно, во нашата група е и селекцијата на Гвинеја, која ќе биде дебитант на Светските првенства, а со оглед на тоа дека најдобрите три репрезентации од секоја група поминуваат понатаму, ова е одлична можност за Македонија да се пласира во главната рунда.
Натпреварите од првата фаза во Вараждин ќе се играат од 15 до 19 јануари.