33.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Вардар во Сан Марино ќе ја бара 18-тата европска победа, дали може да стигне и до 75 голови?

Специјално од Сан Марино, Трајан Маневски

Вардар е во Сан Марино и се подготвува за реванш дуелот против Ла Фиорита во првото коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Црвено-црните славеа со 3:0 на првиот меч и сега треба само да го потврдат пласманот во следното коло, каде за противник чека тимот на Лугано.

Вардар има долга историја на европска сцена. Најтрофејниот македонски клуб досега има одиграно 73 натпревари во кои има биланс од 17 победи, 17 нерешени и 39 порази. Тука се мечевите кои Вардар ги има играно во Лига на шампиони (Куп на европски прваци), Лига на Европа (Куп на УЕФА), Куп на куп победници, Интертото и сега во Конференциската лига на УЕФА.

Вкупно Вардар има постигнато 72 голови, а има примено 128 голови. Ако Вардар ја продолжи ефикасноста од првиот меч ќе стигне до бројката од 75 погодоци во европските купови.

 

- Оглас -

Најнови вести