Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за Лигата на Европа и Европскиот Куп.
Некогашниот двократен европски првак, Вардар 1961, се враќа на европска сцена и тоа во Лигата на Европа, каде ќе игра квалификации против Рајн Некар Левен од Германија. Вардарци беа неносители па затоа и добија многу сериозен противник, а и немаа среќа.
Првиот меч е на 26-ти или 27-ми август во Скопје, реваншот една недела подоцна во Манхајм.
Во ЕХФ Европскиот Куп во машка конкуренција, кавадаречки Тиквеш ќе ја претставува Македонија.
Кавадарчани се слободни во првото, а во второто квалификациско коло ќе играат против Фортхоф Кремс кој е петкратен првак на Австрија, и ќе бидат домаќини на првата средба во салата „Јасмин“. Кремс беше полуфиналист на плејофот во Австрија минатата сезона, а регуларната сезона ја заврши на прво место.