Вардар 1961 најде замена за Дејан Манасков, новото лево крило е од Србија

Левото крило Марко Срдановиќ (25) потпиша двегодишен договор со ракометниот клуб Вардар 1961, со можност за уште една сезона доколку клубот е задоволен од неговите игри.

Срдановиќ доаѓа од Металопластика Шабац со која во претходната сезона го освои Купот на Србија.

Срдановиќ (182 см. 80 кг.) веќе е дел од подготовките на тимот на Вардар и ќе игра на позиција каде ќе настапува заедно со Марио Стојановски кој лани беше прекомандуван од младинските категории, а сега постојано ќе биде со сениорите.

Србинот лани на постигна 120 голови за Металопластика со сите натпреварувања, а зад себе има и интернационално искуство со настап во Леотар од Требиње.

Вардарци покрај подготовките во Скопје ќе заминат и на висински подготовки на Маврово, и ќе настапат и на турнирот во Струга. Во меѓувреме ќе одиграат и неколку пријателски натпревари.

- Оглас -

Најнови вести