Ракометарите на Вардар 1961 беа убедливо поразени дома на првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Веспрем, шансите за пласман во четвртфинале против Алборг се само теоретски и рамни на чудо, но навивачите нема да ги остават сами Црвено-црните на гостувањето кај Веспрем.
Според квотите во обложувалницата Sport Life, за Вардар успех би било ако во Унгарија загуби со помалку од 6 гола разлика, а квотата за триумф на македонскиот тим е дури 11.
Комитите синоќа тргнаа на пат за Веспрем и вечерва од 18.45 часот ќе бидат на трибините да му дадат поддршка на двократниот европски првак.
„Многумина ќе се откажат по првиот меч на домашен терен, каде што од фаворитот Веспрем загубивме цели 8 голови разлика. Но, само најверните ќе ја задржат енергијата, вербата и љубовта на истото ниво и во победите и во поразите. Само најверните ќе се охрабрат да се надеваат дека чуда се можни, но и само најверните ќе бидат покрај Вардар дури и кога не би имале никакви шанси. Ќе го поддржиме Вардар на реванш-мечот против Веспрем во Унгарија“, порачаа фановите.