Вардар 1961 го победи вториот тим на Еурофарм Пелистер со 34-22 и се доближи на два чекори од ноива титула во ракометното првенство на Македонија.
Црвено-црните одат по 15-тата титула, а за тоа им требаат победи против Бутел на гости и дома со Тиквеш. Доколку вардарци играат како што знаат, не би требало да имаат проблем да победат, иако Бутел во претходниот меѓусебен дуел покажа дека може да даде силен отпор.
Денеска најефикасни беа Талески и Дибиров со по 6 гола.
Вардар и Е. Пелистер 2 повторно се сретнат в петок, во полуфиналето на Купот на Македонија во Кавадарци.