Вардар 1961 официјално потврди дека доби нов пикер од Франција

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961, официјално потврди дека францускиот кружен напаѓач Шереми Тото, е нов член на Црвено-црните. Тото кој има 29 години и висок е 197 сантиметри, во Вардар доаѓа од екипата на Висла Плоцк од Полска, со која играше на фајнал-форот во Лига Европа.

Покрај Французинот Тото, принови во тимот се Мартин Томовски, Али Сафар, Дарко Ѓукиќ, Едуардо Гурбиндо и Анте Кудуз, како и тренерот Веселин Вујовиќ. Си заминуваат Кантегрел, Јотиќ, Дисингер, Чупиќ, Шеваљевиќ и Векиќ.

- Оглас -

Најнови вести