Леворакиот бек Виктор Алонсо Гарсија (33) потпиша договор со Вардар и сезонава ќе настапува во црвено-црниот дрес. Тој дебитираше за тимот на турнирот во Струга, каде што Вардарци го освоија првото место.
Алонсо Гарсија е поранешен шпански репрезентативец и минатата сезона ја мина во италијанскиот тим Ромања.
Тој потекнува од некогашниот шпански гигант Портланд Сан Антонио и ги мина сите младински категории во „Црвената фурија“. Во татковината играше уште за Овиедо, Ваљадолид, Адемар Леон и Анхел Хименез. Три сезони настапуваше и за францускиот Кретеј, потоа за романскиот тим Бакау, пред да се пресели во косовскиот првак Беса од 2020, каде што играше до лани, во период кога имаше тренер Шпанец. Кратко беше дел и од израелскиот тим Нес Зиона.