12.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Вардар 1961 во вториот шешир пред ждребот за Европската лига, третиот шешир го „чека“ Алкалоид

Ракометниот клуб Вардар 1961 и оваа сезона ќе биде дел од групната фаза на Европската лига откако ЕХФ му обезбеди директен пласман. Прашање е дали Македонија ќе има уште еден претставник, a одговорот ќе го добиеме на почетокот на септември, кога Алкалоид ќе ги одмери силите со Хановер, еден од најтешките можни противници во квалификациите.

Во пресрет на утрешната ждрепка, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави шеширите за извлекувањето. Вардар 1961 е сместен во вториот шешир, додека потенцијалниот втор македонски претставник – победникот од двомечот Хановер/Алкалоид – се најде во третиот шешир.

Групната фаза на Европската лига ќе биде формирана од следниве шешири:

Шешир 1: Фленсбург (Германија), Мелсунген (Германија), Монпелје (Франција), Порто (Португалија), Гранољерс (Шпанија), Фредериција (Данска), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Кристијанштад (Шведска)

Шешир 2: Нексе (Хрватска), Потаиса Турда (Романија), Фрам (Исланд), Ференцварош (Унгарија), Вардар 1961 (Македонија), Островија (Полска), Татран Прешов (Словачка), Слован Љубљана (Словенија)

Шешир 3: Кил (Германија), Тулуз (Франција), Адемар Леон (Шпанија), Бенфика (Португалија), Хановер/Алкалоид, Скандерборг/Мадеира, Елверум/Торелавега, Морс/Сен Рафаел

Шешир 4: Берн/Чаковец, Савехоф/Малме, Дуго Село/Сесвете, Баја Маре/Стјарнан, Хробри Глогов/Карлскрона, Горење Велење/Криенс Луцерн, Бидасоа Ирун/Брага, Партизан/Карвина

Ждрепката ќе се одржи утре, во седиштето на ЕХФ во Виена, со почеток во 11 часот.

- Оглас -

Најнови вести