Веспрем повторно потврдува дека е многу незгоден ривал за Вардар и води со 15:11 во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампините.
Во меч со многу пресврти во првиот дел, на крајот гостите подобро се снајдоа по 30 минути игра и имаат 4 гола предност.
Мартин Томовски брани одлично, имаше пет фатени топки, а и одбраната на Вардар функционираше добро до 20-та минута, но потоа Веспрем успеваше лесно да ја пробива.
Вардар почна лошо и Унгарците поведоа со 0:2, но потоа не дадоа гол цели 8 минути, а двојниот европски првак на крилјата на феноменалната публика во Скопје направи серија од 4:0 и поведе со два гола разлика.
https://twitter.com/ehfcl/status/1509577452435259403?s=20&t=MecFi0anuYIU65-bIpK1pw
Вардар постојано водеше со два гола разлика до 20. минута, а потоа се разигра Нилсон и со пет гола вкупно во првото полувреме беше главниот фактор за нов пресврт во првото полувреме и предност на гостите од 4 гола.
Филип Талески е разигран кај Вардар и најефикасен на мечот досега со шест гола.
https://twitter.com/ehfcl/status/1509579365159424015?s=20&t=MecFi0anuYIU65-bIpK1pw