Вардар е веќе елиминиран од Лигата на шампионите и губи убедливо со 18:13 од Веспрем на гостински терен.
Првиот меч двојниот европски првак го загуби во Скопје со 22:30, а и сега има голема негатива по првото полувреме во реваншот во Унгарија.
https://twitter.com/ehfcl/status/1511750324129779717?s=20&t=1hWx31JmZE_rMYAsthSGXw
Вардар поведе со 1:0 и потоа сè беше во знакот на Веспрем, екипа која со три гола во серија поведе со 3:1 и потоа ја одржуваше и ја зголеми предноста.
Мартин Томовски брани одлично, имаше шест одбрани, но Вардар игра слабо во одбраната и прими дури 18 гола.