Веспрем е кошмарен за Вардар, води убедливо по првото полувреме во реваншот во ЛШ (Видео)

Вардар е веќе елиминиран од Лигата на шампионите и губи убедливо со 18:13 од Веспрем на гостински терен.

Првиот меч двојниот европски првак го загуби во Скопје со 22:30, а и сега има голема негатива по првото полувреме во реваншот во Унгарија.

Вардар поведе со 1:0 и потоа сè беше во знакот на Веспрем, екипа која со три гола во серија поведе со 3:1 и потоа ја одржуваше и ја зголеми предноста.

Мартин Томовски брани одлично, имаше шест одбрани, но Вардар игра слабо во одбраната и прими дури 18 гола.

- Оглас -

Најнови вести