Најтрофениот македонски фудбалски клуб Вардар како потенцијален противник во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА го доби Лозана од Швајцарија. За да дојде до двомеч против Лозана, Вардар прво треба да ја елиминира Ла Фиорита од Сан Марино.
Своите потенцијални ривали ги добија и Силекс и Работнички. Силекс ако успее да го елиминира Дечиќ од Црна Гора, за ривал ќе го има Рапид од Австрија.
На Работички ривал ќе му биде Макаби Хаифа, но Романтичарите прво мора да го елиминираат Торпедо-Белаз од Белорусија.
Шкендија ако биде елиминрана од ТНС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, ќе продолжи во второто квалификациско коло од Конференциската лига, а таму за ривал ќе го има поразениот од Дрита и Диферданж.