Вардар без поддршка ќе игра во последното коло од ЛШ: Сите спортски настани без публика до 6 март

Сите спортски настани во Македонија ќе се одржуваат без публика до 6 март. На денешната вонредна седница Владата ја донесе оваа одлука со цел да се спречи ширење на коронавирусот.

„Владата им препорачува на организаторите на спортските настани натпреварите да се играат без публика до утврдениот датум 6 март. Препораката важи и за сите поголеми забавни и културно-уметнички манифестации. Владата на Северна Македонија на денешната седница препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести“, пишува во соопштението од Владата.

Тоа значи дека ракометниот европски првак Вардар утре пред празни трибини во СЦ „Јане Сандански“ ќе ги одмери силите со Монпелје во последното коло од ЛШ во групната фаза. Тоа важи и за вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички, кое е закажано за недела и ќе се игра во истата сала.

Исто така претстојното 21-во коло во ПМФЛ ќе се игра без присуство на гледачи, важи и за дербито Вардар – Работнички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести